Skip to main content

Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони

Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони, надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, неиздавањето фискални сметки, а незадоволство покажале и поради квалитетот на одредени апарати за домакинство. Граѓаните се пожалиле до пазарниот инспекторат од каде велат дека ги превземаат сите потребни мерки.

 |  Јаковлева Лионела  | 
mobilen
мобилен

Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони. Тие во годината што измина до одделението на државниот пазарен инспекторат поднеле 94 пријави и преставки по овој однос.
 Граѓаните кои ги анкетиравме за среќа немале некое поголемо лошо искуство со ваква неквалитетна стока.

Граѓаните кои реагирале до пазарниот инспекторат се пожалиле и на надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, на неиздавање фискални сметки, а незадоволство покажале и на квалитетот на одредени апарати за домакинство како што се електрични шпорети, машини за перење и др.техничка стока , вели раководителот на пазарната инспекција во Охрид, Ѓорги Бошалески.бела техника

Пазарниот инспекторат е отворен во тој дел и ги прима преставките и генерално постапуваме согласно нашите законски овластувања и ги решаваме доколку се во гарантниот рок односно во периодот кој е пропишан со закон стоката се враќа или се заменува со друга, вели Бошалески.

Бошалески вели дека инспекторите секојдневно се на терен. Во 2013 година извршени се 1 823 надзори од кои во управна постапка се завршени 105 решенија, има 57 поднесени барања за прекршочна постапка до основниот суд, а до прекршочната комисија доставени се 16. Одземена е стока од познати и непознати улични продавачи на текстил и тоа  во вредност од 205 540 ден. од познато лице и 413 600ден. од непознато лице. Затворени се 13 објекти, а изречена е глоба од 89 590 евра и мандатни казни од 9 900евра или вкупно околу 100 000 евра.

{loadposition content9}