Квалитетно судско вештачење за избегнување на судските спорови
Бирото за судско вештачење на Република Македонија денес со стручно советување околу вештачењата при сообраќајни незгоди. Од таму велат дека ги имаат најновите софтверски решенија на оваа тематика што заедно со стручните методи кои ги применуваат вештаците треба да обезбедат квалитетно и објективно вештачење.
Квалитетното судско вештачење при сообраќајни незгоди е можност за избегнување на судските спорови. Ова е тематиката на која денес Бирото за судско вештачење, претставници од осигурителните компании од државава, Агенцијата за супервизија во осигурувањето како и странски експерти ќе дискутираат. Дени Ѓорчевски, директор на Бирото за судско вештачење на Република Македонија вели дека тие располагаат со добро потковани и искусни вешти лица кои постојано се надоградуваат, но и дека работат со најсовремените софтверски решенија кои треба да обезбедат квалитетно судско вештачење.
„Судските вештачи се независни во својата струка. Тие треба да си ја применат научната метода и да го дадат она што е навистина вистинското решение. Буквално не е важно, секако дека адвокатите сакаат да си го заштитат својот клиент, осигурителните компании-својот клиент, но затоа судијата треба да биде помеѓу нив и да каже кој е во право, а ние сакаме со вештачењето да допринесеме да што помалку предмети одат во судска постапка, да што побрзо тие со самото вештачење и самата примена на научните методи да се избегне судската постапка бидњејќи знаеме дека судската постапка е трошок за сите, и за осигурителните компании, и за луѓето, и за адвокатите, се забавува целата таа работа на решавање на споровите и на решавање на оштетните побарувања во осигурителните компании.“-вели директорот на Бирото за судско вештачење на Р.М, Дени Ѓорчевски.
Дел од ова стручно советување кое го организира Бирото за судско вештачење се и претставниците на Министерството за внатрешни работи, кои директно на терен се соочуваат со инволвираните во сообраќајните незгоди.
„При увидите кои се прават од страна на екипите на МВР, треба одредени докази кои се многу важни за вештачењата да им се обрне внимание, тие повеќе да се соберат и тоа ни е со цел да целиот процес на тоа вештачење го заокружиме. Затоа повикавме од сите области и осигурителни компании, и од МВР и сите вештаци и плус професори од еминентни универзитети од Балканот кои 40 години се во оваа област, за да сите тие аномалии кои се појавуваат при нашето секојдневно работење, да се обидеме да ги подигнеме на едно повисоко ниво, односно да ги елминираме за да судските спорови при квалитетно вештачење многу полесно се решаваат и нема аномалии како би немало повеќе вештачење или супервештачење.“-рече Ѓорчевски
Инаку ова стручно советување на Бирото за судско вештачење заедно со сите инволвирани страни е воедно и дел од одбележувањето на 35 годишното постоење на оваа институција.
{loadposition content9}