КСЗД организира средби со охриѓани
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реализира средби со охриѓани. Делеа флаери и ги запознаваа граѓаните за нивната улога во опшетсвото. На отворени денови во повеќе градови во земјава ги информираат граѓаните за начинот на заштита во ситуации на дискриминација. Ова тело , покраја заштита од дикриминација и соработка со разни институции, работи и на превенирање на дискриминацијата , напоменува Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
„Една од стратешките придобивки на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е да се врати довербата на граѓаните и да се информираат дека постои ваква институција. Ние имавме голем правен вакум, немаше Закон за КСЗД, а од друга страна немаше ни функционална Комисија. Граѓаните не се информирани за постоењето на вакво тело“, посочува Јадровски.
Работите се менуваат и се случува прогрес во воспоставување комуникација на граѓаните и здруженијата со Комисијата. Се почесто пристигаат претставки на адреса на Комисијата, но треба сеуште да работиме на информирање на граѓаните, но и на подигање на свеста за да се обраќаат за помош до нас, нагласува Јадроски. Граѓаните имаат неколку можности тоа да го прават до Комисијата за за спречување и заштита од дискриминација. Може да користи он лине пријавување, по меил и директно во Комисијата во Скопје. Претставките кој што досега пристигнале на нивна адреса се од различни области , меѓу кои има од здрвството и социјалната заштита, но иод најразлични други сфери.
„Најчесто претставките кои ги добиваме се однесуваат на дискриминација од работните односи, има претставки и од вознемирувачки говор на интернет. Во однос на подносителите има пријави од здруженија и физички лица .Здруженијата на граѓани ја разбираат својата улога и поднесуваат претставки за заштита од дискриминиација во име на граѓаните “, кажува Јадроски.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дејствува самостојно , но соработува и со со други институции, здруженија на граѓани и правни практиканти. Поддршка имаат и од Мисијата Обсе.