Грижа за здравјето во текот на летото, 20% летен попуст во Лабораторија „Сонце“ Охрид

Летните месеци носат сонце и уживање, но високите температури и горештините можат да бидат сериозен предизвик за организмот. Токму затоа, превенцијата и редовните лабораториски контроли се клучни за зачувување на здравјето, енергијата и виталноста во текот на летото.
Како ваш доверлив партнер во грижата за здравјето, првата специјалистичка биохемиска лабораторија во Македонија „Сонце“ Охрид, и ова лето ви овозможува полесно да се грижите за себе.
Од 1 јули до 31 август искористете 20% летен попуст на сите приватни лабораториски анализи.

Специјалистичката биохемиска лабораторија „Сонце“, основана во 1993 година, повеќе од три децении успешно ја гради довербата кај пациентите. Со врвен стручен тим и современа апаратура, лабораторијата брзо и прецизно изработува широк спектар биохемиски анализи, хормонски анализи, туморски маркери, имунолошки тестови и тестови за алергии.

Лабораторија „Сонце“ има склучено договори со Фондот за здравствено осигурување, како и со доброволното приватно здравствено осигурување „Кроација“ (за осигуреници чии компании имаат активен договор).
Стручниот тим на лабораторија „Сонце“ ве очекува на добро познатата локација во станбениот комплекс „Даме Груев“ во Охрид. Искористете го летниот попуст од 20% и направете ги потребните лабораториски анализи навреме затоа што грижата за здравјето секогаш е најдобрата инвестиција.







