Центарот за јавно здравје – Охрид ги известува корисниците на нивните услуги како и матичните лекари, дека лабораторијата за микробиологија при Центар за јавно здравје Охрид, од 29 април 2023 година, повторно ќе работи и во сабота.
„Нашите ценети пациенти своите потреби од лабораториски-микробиолошки анализи на хуман материјал ќе можат да ги извршуваат секоја сабота во периодот од 8 до 12 часот.“ – информираат од ЦЈЗ.