Skip to main content

Од Лајонс Клубот „Десарети“ и годинава хумани

Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид со 30 хуманитарни пакети се вклучи во неделата во борба против гладта. Од таму сметаат дека терба повеќе да им се помага на луѓето кои спаѓаат во ранливата категорија.

 |  Николоска Биљана  | 
desareti
десарети

desaretiЛајонс клубот „Десарети“ од Охрид и годинава традиционално се вклучува во неделата во борба против гладта. Претседателот на клубот Иво Захариески истакна дека секоја хуманост, а посебно онаа кон ранливата категорија на луѓе е нешто што секој го исполнува. Тој вели дека во иднина ќе се трудат и повеќе да помагаат на луѓето кои имаат реални потреби од тоа.

„Ова е шеста по ред акција во која се вклучуваме во светската недела. Инаку пакетите се составени по терк на светската здравствена организација и содржат комплет намирници неопходни за потребите на едно четири члено семејство   за еден месец“.   

desaretiОд Црвениот крст Охрид го поздравуваат гестот на Лајонс Клубот „Десарети“. Мимоза Ставрева нагласи дека денес, клубот „Десарети“ допринесе да се намали ранливоста на околу 30 семејства во Охрид. Ставрева вели дека годинава имале успешна кампања за недела во борба против гладта.

„Како доста успешна оваа година пред се и како резултат на поддршката на Локалната самоуправа и добронамерните организации, фирми, институции, маркети и сите добронамери граѓани кои не поддржаа и ни ја дадоа нивната помош, а ние соодветно според списокот ја дистрибуираме на сите кои дошле и ја побарале напата помош“.

Ставреска упати апел оваа поддршка да не биде само во кампањата за борба против гладта, туку повеќе пати годишно со цел Црвениот крст уште повеќе да излезе во пресрет на граѓаните од ранливите категории.

{loadposition content9}