Skip to main content

Лакочереј се приклучува на канализациона мрежа

Финишираат активностите за приклучување на Лакочереј во канализациона мрежа.

 |  Маленкова Татјана  | 
Лакочереј
lakocerej

Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа.

„Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а Лакочерејпаралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески.

Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца Новиќиќ према Долно Лакочереј се извршило и проширување на патот при што биле поставени и ивичњаци, а патот истрасиран.

„Патот што е проширен ќе треба да се асфалтира како и делот во Горно Лакочереј каде што низ асфалтните површини помина канализационата мрежа. Овој дел ќе го завршиме со проширување и ќе остане левата страна за патниот правец каде ќе треба да се воспостави канализациона мрежа и за овие ќуќи кои се во Долно Лакочереј да се опфатат со канализациона мрежа“, вели Шикалески.

Но, не само канализационата мрежа и асфалтирањето на патот во Лакочереј, жителите од овој дел на Охрид, поточно од Горно лакочереј мака мачат и поради тоа што немаат вода. Од локалната самоуправа одамна најавија решавање и на овој проблем, а за конкретните активности кои се превземени во утрешното издание на дневникот на ТВМ.
{loadposition content9}