Жителите на Лакочереј бараат канализационен систем
Наместо вода, по коритотото на Лакочерејска река, течат фекалии.
Наместо река – фекалии, а наместо чист воздух – смрдеа. Со oваа слика ќе се соочите на влезот од Долно Лакочереј. Оваа слика во овој период од годината е посебно изразен, затоа што водата од реката е сопрена, поради наводнување, а коритото e празно. Причина за оваа еколошка катастрофа е тоа што овој дел од Охрид нема канализационен систем, па семејствата се оставени да се снаоѓаат сами на себе.
„ Во име на МЗ Лакочереј и жител Долно Лакочереј кажувам дека имаме проблем со отпадните води и со канализација. Од општината немаме никава подршка. Ни ветуваат, а од тоа нема ништо. Никој од семејствата не се приклучени, поради што отпадните води одат во речното корито“, вели Гоце Трифуноски – член на Месна Заедница Долно Лакочереј.
Стручните служби во локалната самоуправа точно знаат како овој проблем треба да се реши, но никако да најдат средства за проектот, преку кој, сите куќи во Лакочереј ќе се приклучат во канализационен систем. Како што веќе информиравме, на почетокот на оваа година отпочнаа градежни работи за изградба на канализационен систем на потегот на Горно Лакочереј, низ Долно Лакочереј према селото Орман. Паралелно со овие активности започна и изградба на водоводен систем.
„Досега во овие населени места нема канализација, па затоа и тие куќи не се ни приклучени во ситем. И за овие села кои се поблиску према општина Охрид останаа ушете овие три села и оваа акција ќе треба да продолжи. По мое мислење и остануваат уште во ова сливно подрачје уште селата Косел, Вапила и Ливоишта, да им се реши овој проблем“, вели раководител на одд. За комунален развој и сообраќај, Зоран Шикалески.
Но, додека секторот за комунален развој изградбата на канализационен систем убаво ја има срочено во проект кој чека добри времиња за реализација, проблемот од ден на ден станува се поголем. Реката во која се влеваат фекалиите, жителите на Лакочереј и Орман, ја користат за наводнување на градинарски култури, кои се продаваат и завршуваат во секој дом како квалитен домашен производ, одгледан како органска храна. Оваа констатација им е повеќе од јасна и на одговорните во секторот за комунален развој.
„За општина Охрид ова ќе биде од големо значење не само за граѓаните на Охрид, од причина што знаеме дека сите овие села гравитираат на т. Н Охридско поле од каде што Охриѓани црпат во голема мера и храна, градинарски производи кои директно граѓаните ги употребуваат“, вели Шикалески.
За да се ублажи оваа состојба свој придонес даде и инспекторатот за животна средина, при локалната самоуправа. Од таму ни открија дека често се на контрола на овој терен, со цел да ги откријат домакинствата кои фекалиите ги имаат насочено во коритото на реката, по што овие домаќинства добиваат рок да изградат септичка јама.
Инаку, со проектот на локалната, кој се надеваме дека кога тогаш ќе дојде на дневен ред, предвидено е да се направи прстен околу цел Охрид со исклучок на Трпејца и Љубаништа каде ќе има изградба на посебни ситеми и целиот овој реон ќе биде опфатен со канализациона мрежа.
{loadposition content9}