
Од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид информираат дека врз основа на Правилникот за пофалување и наградување и изрекување педагошки мерки на денешниот Наставнички совет, избран е првенецот на генерација за учебната 2024/2025 година.
– Како училиште сме горди што имавме ученичка која освен одличниот успех и низа освоени награди на регионални и државни натпревари се истакнува како пример за другарство, негување позитивни вредности, хуманост, солидарност, сестраност и натпреварувачки дух. И честитаме и и посакуваме многу успех во иднина, велат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.