Лазаревска:Влеговме во НАТО, МОЖЕМЕ во ЕУ
Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат.
„Стојам пред Вас и сакам со гордост да потсетам дека бев дел од најновата историја на нашата Татковина која се пишуваше изминатите три години. Во парламентот работевме напорно, се боревме со деструктивците од ВМРО ДПМНЕ и останатите опоненти“, рече Жаклина Лазаревска – кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата Можеме. Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите, напомена Лазаревска.
„Доживеавме многу немили сцени, притисоци, закани, дури и обиди за линч, но излеговме победници. Секој миг кога требаше да се донесе тешка одлука пред очи ги имав младите. Дел од нив денеска се овде со мене. Мечтаев и се’ уште го правам тоа. Размислувам и сум дел од решенијата, како младите да не ни заминат низ Европа, туку Европа и светот да ги донесеме, овде, дома?
Преку мојот глас, гласавте Вие кои ми ја дадовте довербата и се надевам пак ќе ме поддржите. Мојот глас беше еднакво важен при изгласувањето на историскиот Договор од Преспа, договорот за добрососедство со Бугарија и ратификацијата за приемот на Република Северна Македонија во НАТО. Денес сме 30 земја членка на НАТО, еднакви во најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз, кажа кандидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата Можеме.
„Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ . Запомнете: „ СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ нуди конфликт. Од едната страна е членството во НАТО, од другата страна е белата барокна палата. Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ, од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Рој. СДСМ нуди кадри кои земјата ја однесоа на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски“ .
Со влезот во НАТО нашите фирми добиват пристап до пазар од 4 милијарди евра годишно. Членството во НАТО е наш влезен билет за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија, посочи Лазаревска.
Порача, гласот за СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ е глас за поубава иднина за сите. На 15 јули без двоумење заокружете го бројот 3.