Skip to main content

Лажен полицаец изнудива пари од жители на Охрид, Струга и Кичево

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник.

 |   | 



СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник.

„Осомничениот врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста.Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски апелира до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги  пријават на 192  или лично во најблиската полициска станица.