Skip to main content

Преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот

Лажна дојава за бомба во охридско училиште

Ова е прва дојава за бомба во охридско училишта, по серијата лажни дојави во повеќе училишта и институции низ земјава.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава – се вели во официјалното соопштение на СВР Охрид.

Ова е прва дојава за бомба во охридско училишта, по серијата лажни дојави во повеќе училишта и институции низ земјава.