ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид
За 100 те дена на новата локална власт ЛДП и нуди проект за Стариот дел нa Охрид.
Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола. Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната.
„Го изработија луѓе професионалци во својата област, архитекти, поточно луѓе кои се занимаваат со туризам. Мислиме дека тој дел од Охрид треба да биде осветлен цел, односно секое сокаче да биде осветлено, да има озвучување со староградска музика. Се да биде унифицирано и да важи за сите објекти, за да нема мешање на стилови и да нема злоупотреба на стариот дух на тој дел каде секој сопственик на куќа со помош на општината односно со субвенционирање ќе се утредат тие простории“, вели Дејан Блажески,претседателот на ОО на ЛДП. Блажески објаснува дека со проектот се опфатени објекти за продажба на храна и пијалоци во автентичен стил. Тој вели дека доколку овој проект се покаже како добар ќе се работи и за развивање на Охрид, како туристички развиен центар затоа што, како што вели претседетелот на ЛДП, не измислуваме топла вода. Тој додава дека според проектот во стариот дел ќе се отворат дуќани во кои ќе се продава брендирана роба.
Замислата на ЛДП е општината да ги субвенцира сопствениците кои имаат атрактивни локации со цел истите да прераснат во атрактивен градски стил без мешање на стилови. Тоа според Блажески економски ќе значи самовработување на сопствениците доколку се заинтересирани за отворање на нови 500 сезонски работни места. Во исто време додава претседателот на ЛДП, ќе значи враќање на духот на стариот дел на градот, соработка со туроператорите и туристичките работници.
Замислата е во стариот Охрид да никнат малечки дуќанчиња кои ќе имаат максимум од 7 до 8 маси, затоа што тој дел од Охрид не смее да биде конфекција туризам, туку автентичност.
„Како економист му најдов економска оправданост, како граѓанин на Охрид му најдов морална и духовна вредност и мислма дека и мнозинството и останатиот дел од опозицијата ќе има слух за овој проект затоа што е од добробит на градот и така ќе продолжиме да дејствуваме, реагирајќи тогаш кога е кршат законите, реагирајќи тогаш кога се прави злоупотреба на позиција и давајќи конкретни предлози што е и типично за ЛДП“, вели Блажески.
Претсдеателот на ОО на ЛДП вели дека ќе ги искористи контактите кои му ги дава советничката позиција, а и учеството во советот на градски татковци кое го формираше градочалникот, со цел проектот да успее во целост.
„Нормално сум разумен и треба да ги разгледаме опциите колку економски сето тоа е колку е спрема општината да го понесе овој товар, но сметам дека за една до две години ќе се вратат парите од овој проект и за една до две години ќе има сериозно заживување на овој проект. Предлагам и да се распише конкурс на плус архитекти кои сакаат да учествуваат а имат концепт и идеја. Се залаган да се тргне целата метало пластика и да се вратиме на каменот и дрвото што е типично за стариот дел на градот“, додава претседателот на ОО на ЛДП.
Блажески признава дека во моментов ЛДП е иницијална каписла, но додава дека доколу локалната покаже слух за проектот тогаш се подготвени да разменат информации но и идеи. Проектот за Стариот дел на Охрид, на градоначалникот и советниците ќе им биде презентиран на следната седница закажана за вторник, посветена на советнички прашања. Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола. Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната.
„Го изработија луѓе професионалци во својата област, архитекти, поточно луѓе кои се занимаваат со туризам. Мислиме дека тој дел од Охрид треба да биде осветлен цел, односно секое сокаче да биде осветлено, да има озвучување со староградска музика. Се да биде унифицирано и да важи за сите објекти, за да нема мешање на стилови и да нема злоупотреба на стариот дух на тој дел каде секој сопственик на куќа со помош на општината односно со субвенционирање ќе се утредат тие простории“, вели Дејан Блажески,претседателот на ОО на ЛДП. Блажески објаснува дека со проектот се опфатени објекти за продажба на храна и пијалоци во автентичен стил. Тој вели дека доколку овој проект се покаже како добар ќе се работи и за развивање на Охрид, како туристички развиен центар затоа што, како што вели претседетелот на ЛДП, не измислуваме топла вода. Тој додава дека според проектот во стариот дел ќе се отворат дуќани во кои ќе се продава брендирана роба.
Замислата на ЛДП е општината да ги субвенцира сопствениците кои имаат атрактивни локации со цел истите да прераснат во атрактивен градски стил без мешање на стилови. Тоа според Блажески економски ќе значи самовработување на сопствениците доколку се заинтересирани за отворање на нови 500 сезонски работни места. Во исто време додава претседателот на ЛДП, ќе значи враќање на духот на стариот дел на градот, соработка со туроператорите и туристичките работници. Замислата е во стариот Охрид да никнат малечки дуќанчиња кои ќе имаат максимум од 7 до 8 маси, затоа што тој дел од Охрид не смее да биде конфекција туризам, туку автентичност.
„Како економист му најдов економска оправданост, како граѓанин на Охрид му најдов морална и духовна вредност и мислма дека и мнозинството и останатиот дел од опозицијата ќе има слух за овој проект затоа што е од добробит на градот и така ќе продолжиме да дејствуваме, реагирајќи тогаш кога е кршат законите, реагирајќи тогаш кога се прави злоупотреба на позиција и давајќи конкретни предлози што е и типично за ЛДП“, вели Блажески. Претсдеателот на ОО на ЛДП вели дека ќе ги искористи контактите кои му ги дава советничката позиција, а и учеството во советот на градски татковци кое го формираше градочалникот, со цел проектот да успее во целост.
„Нормално сум разумен и треба да ги разгледаме опциите колку економски сето тоа е колку е спрема општината да го понесе овој товар, но сметам дека за една до две години ќе се вратат парите од овој проект и за една до две години ќе има сериозно заживување на овој проект. Предлагам и да се распише конкурс на плус архитекти кои сакаат да учествуваат а имат концепт и идеја. Се залаган да се тргне целата метало пластика и да се вратиме на каменот и дрвото што е типично за стариот дел на градот“, додава претседателот на ОО на ЛДП.
Блажески признава дека во моментов ЛДП е иницијална каписла, но додава дека доколу локалната покаже слух за проектот тогаш се подготвени да разменат информации но и идеи. Проектот за Стариот дел на Охрид, на градоначалникот и советниците ќе им биде презентиран на следната седница закажана за вторник, посветена на советнички прашања.
{loadposition content9}