Има ли лек за зависностите
Модерниот начин на живеење предизвикува најразлични видови зависности со кои секојдневно се соочуваме. Д-р Обрехт, Eксперт на полето на зависности од САД веќе триесет години се занимава со оваа проблематика. Таа ќе ги сподели своите искуства со сите оние кои имаат проблем со каква било зависност и ќе ги посоветува како да се излечат од истата.
Дрога, алкохол, коцкање, зависност од секс, опседнатост со партнерот во врската, купување, пореметување во исхраната, зависност од одредена супстанца и многу други пороци секојдневно ги демнат луѓето. Модерниот начин на живеење предизвикува најразлични видови зависности со кои секојдневно се соочуваме. Деновиве во Охрид престојува Д-р Даун Обрехт, професор на Универзитетот во Колорадо Здравствено научен центар, САД и експерт на полето на зависности. Д-р Обрехт веќе триесет години се занимава со оваа проблематика и ќе ги сподели своите искуства како сите оние кои имаат проблем со било каква зависност да се излечат од истата.
–Со децении наназад утврден е еден златен стандард кој се однесува на процесот на опоравување. Во САД постојат голем број центри за лекување во кои луѓето на кои им е потребна помош престојуваат од една недела до шест месеци, а некои остануваат и многу долго. Таму се справуваат со најголемиот проблем покрај чувството на болка, а тоа е чувството на празнина. Кога ќе излезат од центрите за рехабилитација, ослободени од дрогата и со намера да не користат повеќе дрога сфаќаме дека мора да бидат вклучени во еден малку подолг процес на заздравување. Или накратко кажано процесот на опоравување има два важни моменти, едниот е да се излезе од центрите за рехабилитација чист и трезен , а другиот да се остане чист и трезен во надворешниот свет, вели Д-р Даун Обрехт -експерт на полето на зависности
Од Црвен крст велат дека тие ја применуваат праксата за работа со зависници во група. Млади волонтери биле обучувани во Скопје на повеќе теми и области.
-Имаме ние такви обучени кадри и во иднина се надеваме дека ќе се овозмоѓи простор за да работиме понатаму со групи. Тие се формираат по желба на зависниците и со толкав број колку што тие сакаат. Можат да се одржуваат и подолг временски период во зависност од групата, вели Младен Божиноски- младински координатор во Црвен Крст-Охрид.
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид и Македонската Мисија за Хуманост од Стимбот Спрингс, САД, ќе опдржат едукативна работилница на тема „Справување со зависности“. На оваа работилница можат да присуствуваат сите заинтересирани кои сакаат на докторката Обрехт да и постават најразлични прашања од оваа област.
{loadposition content9}