Skip to main content

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптимални стандарди.

 |  Валентина Неловска  | 
bol
bol

Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот на болницата. arna

 „ За наши услови 4-5 дена би бил оптимален болнички ден, а тоа зависи од спремноста на кадарот, техничка екипираност , добри интернистички апарати, добра едукација на персоналот и квалитетните лекарства.“

Основа за квалитетно болничко лекување има екипираноста и едуцираноста на кадарот, вели д-р Арнаудов. Покрај, грижата за обезбедување на сите фактори за квалитетна здравствена услуга, болницата има интенција да вработува квалитетни лекари по европски стандарди. Со постојана набавка на современи дијагностички апарати кои во пракса ќе ги применуваат лекарите ќе се намалуваат и болничките денови, смета директорот. Во моментов пациентите плаќаат 130 денари дневно за престој во болница. Во овој издаток не се вклучени лекарствата кои се применуваат при лекувањето во зависност од видот на болеста. Трошоците, пак кои ги покрива Фондот за здравство зависат од параметрите од минатогодишното работење и бројот на дадените здравствената услуга, укажува д-р Арнаудов.

По ново Фондот исклучиво плаќа здравствени услуги. Во рамките на буџетот добиваме 12-тини кои се доделуваат квартално на секои три месеци со можност да се корегираат позитивно или негативно во зависнот од тоа дали имаме дадени здравствени услуги. Ако немаме тогаш за наредниот квртал тој дел од буџетот ќе ни се намали“.

Во моментов, најголем број пациенти се лекуваат на интерното, нервното и детското одделение. Овие три оддели остваруваат и најголем број болнички денови, истакнува директорот на општа болница Арнаудов.

{loadposition content9}