Сиљаноски: Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски изјави дека само неколку дена пред 7 јуни и големата слава на манастирот „Сите Свети“, започнато е асфалтирање на патот кој води до ова духовно светилиште. Оваа градежна офанзива опфаќа нова асфалтна траса во должина од 350 метри, аја реализираме преку изведувачот АД „Илинден“ – Струга. За овој зафат одвоени се 2.400.000 денари од годишниот општински план за асфалтирање.
-Ова е само еден патоказ за тоа како работиме. Она што го ветувам и го реализирам денес во Лешани, е моја обврска за сите села во нашата општина. Токму затоа, сакам да истакнам дека во годишниот план имаме опфатено уште 5 пристапни патишта до верски објекти низ Дебрца кои целосно ќе се реализираат оваа година. Ќе се гради насекаде, ќе се работи во секое населено место и сето она што ви го ветив, секојдневно ќе станува реалност. Патот кон поубава Дебрца го градиме секој ден, изјави градоначалникот Сиљаноски.






