Охрид домакин на летниот кошаркарски турнир
Охрид домакин на летниот кошаркарски турнир. На овој натпревар зедоа учество 7екипи и тоа од Струга, Кичево Кавадарци и Охрид. Овие турнири за децата значат многу бидејќи преку заедничката дружба и фер плеј се гради нивниот позитивен карактер.
Во Охрид за прв пат се одржа летниот кошаркарски турнир на деца до 14 год. Турнитот е во заедничка организација на ЈП „Билјанини извори“ и КК Колибри од Охрид. На овој натпревар зедоа учество 7екипи и тоа од Струга, Кичево Кавадарци и Охрид. Децата многу задоволни од ваквата средба посакаа да има уште многу вакви натпревари.
Тренерот на КК Колибри, Весна Балазоска вели дека овој клуб постои 10 год а во него тренираат околу 200 дечиња. Балазоска додава дека и покрај мислењето дека во Охрид нема интерес кај децата за спорт, овај клуб егзистира и од година во година расте. Покрај него во градов постојат уште два кошаркарски клуба кои се занимаваат со обука и подучување на децата за овој спорт. Ваквите турнири се многу добри за да се потикне уште поголем интерес кај децата и спортските работници за спортување, вели Балазоска.
И ВД директорот на ЈП Билјанини извори, Иван Цветкоски вели дека овие турнири за децата значат многу бидејќи преку заедничката дружба и фер плеј се гради нивниот карактер.
Цветкоски потенцира дека Охрид во развојот на спортот ќе направи чекор повеќе, а во месец август ќе бидеме сведоци на еден многу убав спортски настан, а тоа е државниот турнир во кошарка на кој ќе настапат преку 20 екипи од цела Македонија.
{loadposition content9}