Skip to main content

Наменета за децата на иселениците

Летна школа по македонски јазик во Охрид

Оваа година на Летната школа учествуваат 34 ученици од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија.
 |  инфодеск  | 
Летна школа

Започна Летната школа по македонски јазик во Охрид за децата на иселениците.

Летната школа во Конгресен центар ја отвори Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, кој ги поздрави учениците, им посака успешна и плодна работа со надеж дека убавото искуство ќе биде поттик следната година повторно да се вратат на Школата и да го учат мајчиниот јазик.

Оваа година на Летната школа учествуваат 34 ученици од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија.

На Школата со времетраење од една недела, покрај учењето на мајчиниот јазик, децата ќе имаат можност да посетат значајни културно-историски знаменитости и низ игри, работилници и дружења да се запознаат со вредностите и обележјата на својата татковина.