Летната сцена Долни Сарај хортикултурно се оплеменува
Се враќа сјајот на летната сцена Долни Сарај.
Долни Сарај една од најатрактивните летни сцени хортикултурно ќе се оплеменува. Со засадување на рози ќе се враќа нејзиниот некогашен сјај. Трајче Нумоски, сценско технички организатор во НУ „ Фестивалот Охридско лето“, во своето 4 децениско работење во оваа институција, го памети овој простор како цветна градина опкружена со безброј цвеќиња и зеленило. Тој е задоволен што после долго време се уредува овој простор.
„ Од секогаш кога паметам се засадувале рози, цвеќе. Но, последните години ја запоставивме сцената која се користеше и беше сцена број еден на фестивалот Охридско лето, па потоа се одеше на другите сцени, на Долни Сарај и Света Софија, “раскажува Наумоски.
Во акцијата на уредување на овој простор учествуваа сите вработени од оваа национална установа, а беа предводени од директорката Елизабета Јанкулоска. Јанкулоска е задоволна од деловната соработка со ЈП Комуналец.
„ Ние покрај розите засадивме и други цвеќиња и ниско стеблести растенија. Лани имавме убава соработка и за сите сценски простори каде што се реалзираа настаните ни дадоа прекрасни цвеќиња за да го оплемениме прострот. Со Долни Сарај ја започнавме подготовката на сценскиот простор и симболично на овој ден ги засадивме овие цвеќиња. Ќе продолжиме и на останатите сценски простори кои ќе ги користиме,
Директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа укажа на плановите Охрид да го претворат во цветно гратче на Балканот. Нивна намера е да го вратат препознатливот изглед на градот по убавите разнобојни рози.
{loadposition content9}