Летната сезона ќе се дочека со санирани градски улици
Интензивна санација на сите градски улици, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.
Интензивна санација на сите градски улици, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.Акцијата на крпење на ударните дупки кои го отежнуваат сообраќајот низ скоро сите улици ќе се одвива со забрзано темпо. Градоначалникот вети санација на сите улици во сите делови од градот.
„ Санацијата на оштетувања на патишатата ќе опфати 506 м квадратни во оваа фаза. Но, нема да остане населено место во градот и селата каде што нема да бидат санирани. Од наредната недела ќе ги асфалтираме поголемите улици, а од утре ќе почне на улиците како што се улиците Радојца Новичиќ, крак од Васил Стефоски и Крум Точков, Богомилска и Петрино. Тоа се улици кои ќе бидат најбрзо асфалтирани и ќе влезат во Прграмата за асфалтирање на поголемите сообраќајници“.
Во увидот на состојбата со патната инфраструктура покрај службите од општината биле ангажирани дополнително луѓе кои ќе помогнат поправките да течат што побрзо, кажа Бакрачески.
„ Ние во текот на минатата недела ангажиравме 40 луѓе од општинската администрација. Тие беа на увид, покрај службениците од секторот за комунален развој и сообраќај, дополнително ангажирани за насекаде во градот и приградските населби да ги фотографираат и документираа состојбите на терен и да ги презентираа сите оштетувања на улиците низ градот.“
Од Локалната самоуправа веќе воспоставиле комуникација и побарала финансиска поддршка за санација на ударните дупки и на патишата кои се под наделжост на ЈП Патишта. Ветена е санација и на Туристичка и на магистралниот патен правец кон Албанија, кој води покрај туристичките населби по охридското крајбрежје.
{loadposition content9}