Skip to main content

Летните температури донесоа и зголемен број на повици во брза помош

Летните температури донесоа и зголемен број на повици во брза помош

 |  Валентина Неловска  | 

Портокаловата фаза која го зафати Охридскиот регион  донесе и полни раце работа за службата на итна медицинска помош. Поради горештините граѓаните бараат почесто помош од оваа служба, вели раководителто на итна медицинска помош Д-р Горан Симјаноски.
 помош„Зголемен е бројот на пациентите кој се должи на температурните промени кои се случија во изминативе денови и на високоите температури. Пациентите се жалат на висок крвен притисок , вртогалвица, главоболки, малаксалост, а има зголемен број на повици и за колабрирани лица“, напоменува д-р Симјаноски.
За да се заштитат  граѓаните се повикуваат на внимателност. Препораките се да се избегнува директно изложување на сонце помеѓу 12 и 15 часот, да се јаде лесна храна и да се пие двојно повеќе течност од вообичаеното консумирање. Д-р Симјаноски напоменува дека иако најчесто  на удар на летните жештини се повозрасните пациенти, да внимаваат  и оние помладите.

лето„ Во секој случај од 12  до 17 часот кога УВ зрачењето  е на високо ниво никако директно да не се изложуваат на сонце. Може да се оди на плажа , но да се седи под чадор и во сенка. Млсдите  далеку повеќе да внесуваат  течност од вообичаеното, а тоа не  не би требало да е под 4 и 5 литри на ден, пред се вода“, укажува Симјаноски.

Во однос на екипираноста Д-р Симјаноски посочува дека се кадровски и технички добро подготвени. Во летниот период за време на туристичката сезона по потреба се ангажираат и додатни екипи на терен. Често се вклучуваат и по 3,4 па дури и по 5 екипи се за навреме да интрвенираат каде што има потреба. Итната  медицинска помош  при Здравствен дом Охрид интервенира и на подрачјето на општина Дебрца.