Skip to main content

НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид

Летно работно време на НУ Библиотека „Григор Прличев“

Одделот во библиотеката за зајмување книги од понеделник до петок ќе биде отворен во терминот од 08:30 до 16.00 ч.
 |  инфодеск  | 
Библиотека Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 12 јуни до 4 септември ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

Одделот за зајмување книги од понеделник до петок ќе биде отворен во терминот од 08:30 до 16.00 ч.

Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.Годишната членарина останува и натаму иста, за возрасни е 300 а за деца 200 денари.