Skip to main content

Цар борис трети

Левица на протест против отворањето на бугарскиот клуб

Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата, се вели во соопштението на Левица Охрид.
 |  инфодеск  | 
Левица Охрид

„Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза“, стои во соопштението на Левица Охрид.

Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата. На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив. Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото. Не за бугарскиот Хитлер – пишува во соопштението.

„Најстро го го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот“, пишуваат од Левица Охрид.