На плажата Канео се гради на самиот езерски брег, што е спротивно од препораките на УНЕСКО, реагираат од охридскиот огранок на партијата Левица.
„Никој од надлежните не излезе на терен за да ја спречи оваа дивоградба и узурпација на езерскиот брег. “ – велат од Левица.
Информираат дека Левица Охрид поднела барање за вонреден инспекциски надзор до Градежна инспекција и инспекција за животна средина од Охрид.
Бараат од инспекциите на Општина Охрид да постапат по барањето, а против сторителот да бидат преземени сите законски мерки.