Skip to main content

Левица поднесе Иницијатива за изградба на спомен-обележје на Атина Бојаџи

Од партијата објаснуваат дека истата ја поднесуваат поради сите успеси на Атина Бојаџи во пливањето, со кои доволно не’ задолжила како охриѓани нејзините постигнувања да ги овековечиме со спомен – обележје.
 |  инфодеск  | 

Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид до Советот на Општината поднесе Иницијатива за изградба на спомен-обележје на легендарната македонска маратонска пливачка Атина Бојаџи. Од партијата објаснуваат дека истата ја поднесуваат поради сите успеси на Атина Бојаџи во пливањето, со кои доволно не’ задолжила како охриѓани нејзините постигнувања да ги овековечиме со спомен – обележје.

Атина Бојаџи е македонска маратонка во пливање, родена на 13 март 1944 година во Охрид и уште од 11-годишна возраст ги собори сите македонски и југословенски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил и делфин стил, покажувајќи исклучителен талент и решителност. Таа била првенка на Македонија во 13 дисциплини и држела 8 републички рекорди, а во 1962 и 1963 година била избрана за најдобар спортист на Македонија. Бојаџи на 18 години станала светски шампион на Охридскиот маратон и на патеката Капри–Неапол, освојувајќи титули на слатки и солени води. Во 1962 година, на опасниот маратон Саида–Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта стигнала само таа и еден пливач од Египет, за што добила орден за храброст од претседателот на Либан. Во 1963 година станала светски првак на патеката Капри–Неапол.Врвот на нејзината кариера е препливувањето на каналот Ла Манш на 9 септември 1969 година, со што станала првата Македонка и првата пливачка од Југославија која го остварила овој подвиг. потсетуваат од Левица Охрид.