Охридските гимназијалци станаа жртви на предизборната кампања на ДПМНЕ. Второто полугодие за гимназијалците започна во несоодветни и неподносливи услови за изведување на наставата, обвинуваат од Левица Охрид.
„Наместо за време на летниот распуст, среде учебна година локалната врши реновирање на охридската гимназија, а директорката Светлана Велкоска послушно ги следи партиските директиви. Деновиве наставата во гимназијата се одвива во неподнослива бучава, а учениците и наставниот кадар се гушат и дават во прашина.“ – се вели во партиското соопштение.
Левица Охрид денеска до Санитарната инспекција поднела барање за вонреден инспекциски надзор и според нивни сознанија инспекцијата излегла на терен.