Skip to main content

Лицата со посебни потреби треба да се соочат со животот

Според Миле Стојаноски еден од главните проблеми со кои лицата со посeбни потреби се соочуваат се нивните психолошки бариери и молчењето за проблемите со кои се соочуваат.

 |  Ристо Јакимовски  | 
Mile Stojkoski
Миле Стојкоски
Според Миле Стојаноски еден од главните проблеми со кои лицата со посeбни потреби се соочуваат се нивните психолошки бариери и молчењето за проблемите со кои се соочуваат. Со цел да се искористи периодот пред изборите маратонецот Миле Стојаноски деновиве активно ја води кампањата на запознавање на актуелните и идните градоначалници со проблемите на лицата со посебни потреби. Според Стојаноски, еден од главните проблеми кај оваа група на граѓани е нивното повлекување од општествениот живот.

Stojkoski i PetreskiОд страна на градоначалникот Петрески беше истакнато, дека градоначалникот  како институција и како човек треба да има слух за проблемите на сите граѓани. Петрески исто така заклучи дека имаме морална обврска да ги гледаме сите граѓани подеднакво. Потоа ги наброја активностите кои се спроведувале во изминатиот период во нашиот град .
За да се решат нивите проблеми потребно е на овие лица да им се посочи дека и тие се дел од нашето општество и дека се добредојдени во него.
Исто така потребен е слух и разбирање од сите страни кои се иновловирани во овој проблем.