Skip to main content

СВР Охрид

Лице од Лескоец паднало и починало при изведување градежни работи во Рамне

Увид на местото на настанот извршија полициски екипи а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
поглед кон охрид од рамне

На 06.11.2023 година во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59 годишен жител од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал.

„Увид на местото на настанот извршија полициски екипи а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција.“ – информираат од СВР Охрид.