Skip to main content

„Лице в лице“

Од продажбата на списанието „Лице в лице“ зависи егзистенцијата на нашиот сограѓанин Љупчо Ѓорѓиоские кој е лице со  делумна интелектуална попречености. Тој веќе една година е колпортер и го продава ова улично списание, но ретко кој од граѓаните го купува.  Дел од граѓаните не го купуваат списанието поради економскиот фактор, но голем дел од нив се и неинформирани што е „Лице в лице“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
lice v lice
лице в лице

 

Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци.  Љупчо  е лице со  делумна интелектуална попреченост кој живее со  1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.лице в лице

Немаат пари луѓево. Само по некој ќе купи од списанието. Ретко се случува во денот да продадам пет броја, вели Љупчо.

Дел од граѓаните не го купуваат списанието поради економскиот фактор бидејќи во оваа општа беспарица 100 денари за нив се многу, но голем дел од нив се и неинформирани и незнаат дека со тие 100 денари од кои 50 се за Љупчо тој ќе може да си купи парче леб. Тој засега е единствениот колпортер кој го продава списанието „Лице в Лице“ во градов.lice v lice

Продавам насекаде каде има повеќе луѓе, по чаршијата , на плоштад, а на лето одам и по плажите , вели колпортерот Љупчо.

Уличното списание Лице в лице излегува на секои 2 месеци, односно 6 броја годишно, и е дел од Европската мрежа на улични списанија и ги има сите потребни дозволи од Министерство за труд и социјала на РМ. Го издава Центарот за медиумски активности од Скопје, а Црвен крст -Охрид е негов партнер за поддршка и координација на продавачите на магазинот во нашиот град. Црвен крст Охрид нуди можност и за годишна претплата на списанието „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ , со што директно се помага животот на ранливите-маргинализирани лица од Охрид. Иницијативата ја поддржаа Општина Охрид, Лајонс клуб Десарети, Хотел Белведере и Хотел Силекс. Инаку, по повод неделата на улични списанија, ќе се продаваат две списанија по цена од едно.

{loadposition content9}