Skip to main content

Нема испраќање пакети по шофер на автобус без лиценца

Ќе се врши поштенско лиценцирање на автобуските и такси-превозниците коишто сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град.  Најголемиот авто превозник во градов  АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање. Доколку автопревозниците не поседуваат ваква лиценца, а вршат превоз на пратки ќе плаќаат високи глоби.

 |  Јаковлева Лионела  | 
galeb
галеб

Автобуските и такси-превозниците доколку во иднина сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град ќе мора да извршат поштенско лиценцирање.  Тоа е следната фаза од кампањата што пред две години ја започна Агенцијата за пошти со цел искоренување на нелегалниот пазар на поштенски пратки испратени по автобус или со такси. Од агенцијата велат дека се наметнала ваква потреба поради тоа што  нелегалниот транспорт на пратки  преставувал нелојална конкуренција на лиценцираните фирми. Најголемиот авто превозник во градов  АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање.


Сите знаеме дека возачите тоа го вршат а казните не се за нив туку за автопревозникот. Со цел да ги избегнеме тие казни нпатнициие во најкус можен рок ќе се лиценцираме, вели Димитар Василевски-директорот на АД „Галеб“ Охрид


Автобуските превозници за да добијат лиценца за превоз на пратки треба да исполнат неколку услови. Најпрво треба да ги подготват општите услови за работа во поштенски сообраќај приспособени на нивниот специфичен начин на работа и  да обезбедат посебно обезбеден и обележен простор за пратките во автобусот. Неопходно е да воведат соодветна евиденција за приемот на пратките и нивната достава, да ги обучат своите возачи за ракување со пратки и слично.

Граѓаните велат дека добро е што „Галеб“ ќе се лиценцира за превоз на пратки  бидејќи во никој случај не сакаат да се укине оваа услуга. Во многу  ситуации кога требало да испратат нешто до другите градови во државава ова им бил најбрзиот и најбезбеден начин.

{loadposition content9}