Лидерска академија за жени
Задоволство е да се работи со млади луѓе посебно со оние кои што знаат што сакаат и зошто се тука, истакна претседсателката на Сороптимист Струга, Снежана Зороска Чолакоска, на третата лидерска академија за жени, која и годинава десет дена се одржува во Конгресниот Центар во Охрид.
Презентација на животни искуства, создавање кративен план, тимска работа, како и најразлични други вештини и знаења и годинава беа дел од активностите на учесниците на проектор Лидерска академија за жени. Преку едно уникатно искуство учесничките имаа можност десеттина дена во Охрид, да работат во групи, на теми кои се однесуваат на жената, тргнувајќи од телото, срцето, умот и душата како што појани претседсателката на Сороптимист Струга, Снежана Зороска Чолакоска
„Целта на проектот Лидерска академија за жени, пред се се однесува на лидерството, на млади девојки и жени кои што поминуваат низ интензивен тренинг и ги опфаќаат сите теми кои што се поврзани со лидерството. Целна група се девојки од 18 до 35 години, оваа година имавме учеснички од 9 земји во Европа
Проектот Лидерска Академија за жени е идеја на Сингл Клубот Сороптимист од Струга. Турската Унија е партнер во проектот кои исто така по трет пат учествуваат во активностите. Илке Ерол претседателот на Турската Унија Сороптимист истакна дека во овие десет дена не само девојките од Турција туку и од други држави се стекнаа со нови знаења кои што во иднина че бидат корисни во градењето на нивните кариери.
„Доколку би требало да истакнам нешто не би можела затоа што проектот е навистина голем. Тоа што е посебно е идејата дека овој проект не ги опфаќа само присутните девојки туку истите се очекува да го пренесат своето знаење на други девојки женхи од Турција. Тие всушност ни служат како искри на обучени млади девојки кои што ќе бидат вклучен во понатамошните проекти на Сороптимис
Инаку во Светската организација на жени Сороптимист се вклучени жени од различни професии. Нивните активности се концентрирани на зајакнување на положбата на жените преку едукација и застапување. Постои во 132 земји во светот со членство над 80 000 жени. Нивниот принцип на работа е организиран во клубови, унии и федерации. Сороптимист во Струга е единствена организација во Македонија и е формиран во 2012 год. Во неа има 17 членки.