Лифтовите во охридските згради не се дезинфицираат
Досега само една совесна охридска компанија за домување побарала од овластените служби на центарот за јавно здравје дезинфекција на лифтовите. Од ценатарот за јавно здравје напоменуваат дека дезинфекцијата на просториите има трајност од четири до шест месеци.
Граѓаните кои живеат во станбени згради и имаат станови на повисоките спратови се изложени на ризик при користење на лифтовите. Од март па досега до ЦЈ , кој е овластена институција за дезинфекција пристигнале многу мал број на барања од фирмите кои се бават со одржување на зградите. Само една, голема охридска фирма, која одржува поголем број на згради побара од нас стручна дезинфекција на влезовите и лифтовите , информира Сашо Точков , директор на ЦЈЗ. Има фирми кои прашуваат, но не ги дезинфицираат објектите за да ги заштиат граѓаните од епидемијата.
„Релативно е мал бројот во однос на тоа колку Охрид има фирми и станбени заедници. Не е голем бројот, но има совесни и одговорни луѓе“.
Средствата кои се користат во ЦЈЗ се одобрени од Министертвото за здравство и имаат голем ефикасност. Од стручниот начин на прскање и одржување на прсканата подлога има свое влијание и многу е важно да се испрска правилно, појснува Точков. Постојат луѓе кои секогаш гледаат да ја избегнат одговорноста и да заштедат нешто, а тоа е ризично за луѓето.
„Не случајно дезинфекција се применува на секои 6 месеци. Тоа значи дека при чистењето кое се изведува стручно се впива средството во површините и има ефект. Другите дезинфекции на површините имаат ефект, но оваа е трајна дезинфекција од период од 4 до 5 месеци и делува пријатно и не отровно и е ефикасно“.
Цените на услугите не се високи. Здравјето на луѓето нема цена. Цената на вршење дезинфекција се прави согласно соодветен ценовник. За 100 квадратни метри цената е 1000 денари за дезинфекција, кажува Точков. Додава дека за овој период Центарот имал поволни цени за да може да им излезе во пресрет на институции , фирми и поединици.
За разлика од фирмите кои се грижат за одржувањ е на станбените заедници темелна дезинфекција направиле сите угоститески објекти, хотели, јавни превозници , инстиутции, установи, производствени компании и станоиздавачи кои издаваат соби и апартмани. Периодов има и барања од граѓани кои биле болни од Ковид 19 за дезинфекција на нивните домови откако ќе оздрават, посочува директорот на ЦЈЗ.