Skip to main content

„LIKE ZA BIKE”

Под мотото “LIKE ZA BIKE”, Црвениот Крст од Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност, со цел одржување на здрави животни навики и подобрување на својата здравствена состојба и физичка кондиција.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

like za bikeПод мотото “LIKE ZA BIKE”, Црвениот Крст од Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност, со цел одржување на здрави животни навики и подобрување на својата здравствена состојба и физичка кондиција.

Во таа насока Црвениот Крст ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен ден во пешачење, возење велосипед, ролање, конзумирање на здрава храна, утре сабота 29.03.2014-та година во 11 часот да дојдат пред платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид каде организирано ќе се тргне по патеката крај езерото до плажата Горица 1.

Ќе бидат организирани сесии на аеробик, танци, ќе се конзумира здрава храна а ќе се вршат и основни здравствени прегледи.

{loadposition content9}