Skip to main content

Доделени наградите за ликовниот конкурс на Богојавление

дружението Богојавление, во соработка со општина Охрид ги обелоденија победниците на ликовниот конкурс и им ги врачија наградите.  

 |  Маленкова Татјана  | 
crtezi-deca-bogojavlenie
цртежи-богојавление-деца

Традиционално од минатата година на иницијатива на здружението Богојавление, во соработка со општина Охрид и основните училишта на територијата на општина Охрид се спроведува ликовен конкурс на тема „Богојавление“. Овој конкурс има за цел да ги збогати настаните во деновите за манифестацијата Богојавление, но и да ги мотивира младите од основните училишта да творат.  Од минатата година објавувањето на резултатите и врачувањето на наградите е одлучено да биде на Велики Четврток.
За наградените зборуваше уметникот Славко Упевче.

„Како и минатата година така и оваа доделуваме три награди и при селекцијата требаше да се види елемент prva nagradaкој што го претставува Богојавлението. Поради тоа првата награда, заслужено како и минатата година ја доби ученичката Славица Танеска, 8 одд. од ОУ Григор Прличев, чиј ликовен педагог е Ристе Пуцоски, мој колега. Во разговор со Ристе и Славица, дознав дека таа ликовниот повик го одбрала за животен пат и од наесен сака да се запише на средното уметничко училиште во Скопје. Кај неа е презентирана симболиката на покрстувањето на Исус Христос од Јован Крстител“, вели уметникот Славко Упевче.

Втората награда ја доби Емилија Митреска 8 одд. ОУ Христо Узунов. Упевче за неа рече дека наградата ја добиила поради добриот тоналитет кој што е изведен при изведувањето на Богојавление.
Третата награда отиде во рацете на Марија Цветаноска од 7 одд. Од ОУ Братство Единство. Кај неа е исто така онаа симболика на фаќањето на крстот, еден од елементите кој што и во кругот на нашето пристаниште ќе биде поставен како споменик. Значи тие беа модалитетите кои одлучија за доделување на овие награди, рече Упевче.

prva nagradaВо име на наградените се обрати првонаградената.

„Идејата за овај конкурс е многу добра бидејќи ги подтикнува учениците да сликаат и некои од тие млади сликари понатаму да станат врвни уметници. Секако дека и оваа награда ќе влезе во мојата колекција од најомилени награди. Добивањето на награди на вакви конкурси не е случајност. Тоа се должи на мојата голема љубов кон сликањето но и на трудот што го вложувам во тоа и мојата работа“, вели првонаградената ученичка Славица Танеска.

Танеска признава дека имала дилема што ќе насликам, бидејќи Богојавление е голем настан и се одбележува на повеќе начини, но како што кажа сепак според неа ова беше најадекватен начин да го претстави крштевањето на Исус Христос бидејќи тоа е причината поради која го славиме Богојавление.

{loadposition content9}