Skip to main content

Лилјана Стоилковска утре во Охрид гостува со монодрамата „Љуба“

Настанот заеднички го организираат НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Општина Охрид.  Влезот е бесплатен за сите.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Утре, петок од 12.00 часот во Големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот  на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.

Лилјана Стоилковска, познатата поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова.

Сценариото и режијата се на Стоилковска, а говор за писателката ќе одржи д-р Васил Тоциновски.

Настанот заеднички го организираат НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Општина Охрид.  Влезот е бесплатен за сите.