И Линдита заслужува среќно детство
Секаква помош е добредојдена за Линдита Рамадан која има церебрална парализа, а живее во тешки услови, во една соба со влага, заедно со нејзината мајка и болен татко. Телевизија ТВМ денес беше во нејзиниот дом.
Болката на мајката е голема. Ова е мислата што му паѓа на ум на секој човек кога ќе ја види охриѓанката Шерифе Рамадан како секојдневно се бори со немаштијата која се надвиснала над нивниот дом, каде расте нејзината ќерка Линдита која боледува од церебрална парализа. Во една соба со влага, ходник, и купало од бетон цело искршено надвор од куќата, Рамадан вели дека нема никави услови за ја гледа нејзината ќерка. Суровата судбина ми даде болно дете, а и сопругот е со нарушено здравје па грижата за семејството паѓа на мој грб, вели пред камерата на ТВМ, Шерифе.
„Момичето во купатилото тешко може да го донесам гледате се е искршено, од цименто не можам ни да ја кревам да ја искапам, штиците се искршени по три четири месеци не е капена само главата, немаме никави услови долу спиеме, греота да диши овде во влагата. Куќата е делена на три дела, золвата ме брка, мене никој не ме сака, каде да одам со ова дете, барав стан, ми велеа ќе земеш и после ништо чекаме и немат“– вели Шерифе.
Рамадан побара помош од сите институции па дури и од премиерот Никола Груевски , барем да се справи со сметките, бидејќи парите кои влегуваат во нивниот дом се премалку.
„Живеам само со нејзините 4000 денари, маж ми е болен, од шекер, од притисок, му течи крв од носот и со нејзините пари се гледаме. Гледате во какви услови живееме. Ми доаѓаат високи сметки за струја но не можам да ги платам. Девојчето не станува“– изјави Шерифе.
Семејството Рамадан се обратиле до Центарот за социјални грижи, за да им овозможат паричен надомест за нега од туѓо лице, но биле одбиени со изговор дека таков додаток на Линдита и следува после 26 години. Шерифе стравува дека нејзиното дете не ќе го дочека тоа бидејќи болеста напреднала, Линдита нагло ослабнала, почнале забите да ја болат и треба да и ги извади, косата и паѓа а исто така се жалела дека ја болат нозете. Досега како што тврди Шерифе никој од надлежните институции не влегол во нивниот дом за да видат каде и во какви услови живеат. Дали ова семејство може да оствари некаква парична помош, одговор побаравме од првиот човек на Центарот за социјални работи Екрем Каљоши. Тој во краткиот телефонски разговор кажа семејството Рамадан уште утре да се обрати кај него со цел да ги разгледаат сите можности за помош. Инаку, Линдита е многу друштвена, соработува, желна е за разговор, убаво пее, а сака да има интернет и мобилен телефон за да комуницира со пријателите. Сака да го види главниот град а посебна желба и е да се слика со српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.
{loadposition content9}