Физички напад
Лишен од слобода 38-годишен охриѓанец
38-годишен охриѓанец го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината, информираат од СВР Охрид.
На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид.
Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.


