На 18.11.2024 постапувајќи по претходно добиена пријава на 08.11.2024 од 36 годишно лице од Охрид дека пред неговата куќа во Охрид било опожарено возило “бмв”, кое тој претходно го управувал и паркирал пред куќата, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода едно лице на 24-годишна возраст од Струга и 18-годишен жител на струшкото село Радолишта.
– Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор 24 годишникот од Струга во целост го признал извршеното кривично дело. На 19.11.2024 до ОЈО Охрид е поднесена кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ, и од страна на судија на претходна постапка на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.