Skip to main content

Лисица во кругот на охридската болница?

Диво животно во кругот на Општа болница, Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
lisica
лисица

lisicaДеновиве охрѓани во дел од парковката површина на болничкиот комплекс, во непосредна близина на инсталационите цевки за парно и вода забележале лисица. Според нивните кажувања лисицата била окотена тука бидејќи имало и 5 мали лисици.

За оваа појава побаравме одговор од првиот човек на болницата Љубен Арнаудов. Тој беше затечен од состојбата бидејќи денес му беше првиот работен ден после искористување на годишениот одмор. Објективот на нашата камера не ја регистрира лисицата, но имаше видливи траги дека престојувала тука, според ископаните дупки, пердуви од кокошки, разни крпи кои ги влечкала за да направи гнездо. Арнаудов вети дека ќе направи се што е во негова надлежност лисицата да ја фатат и да ја однесат во зоолошка градина.

{loadposition content9}