Љубов , време, нега и пари
Од женскиот центар „Бисера“ и оваа година не заборавија да изберат најубаво уреден двор
Трендафили, сардели, бегонии, вистински цветен рај. Ова е дворот на Чеповска Венера која за својот труд и љубов кон цвеќињата и природата доби прво место од женското здружение Бисера за најубаво уреден двор. Венера вели дека оваа награда многу и значи бидејќи е потврда за се она што го прави околу уредувањето на ова нејзино катче. Таа не штеди време за да ги засади и одржува цвеќињата бидејќи ги обожава и тоа сите.
Ако сакатае да имате убаво уреден двор треба да работите најмалку 2 до 3 часа дневно во текот на сезоната, а на почетокот на пролетта и по цел ден, вели Чеповска.
Венера кажува дека многу и е мило кога некој случаен минувач ќе подзастане за да се воодушевува на нејзиниот двор. Љубовта кон цвеќињата ја наследила од мајка и, а и основните знаења како истите да ги одгледува. Таа постојано го надополнува своето знање читајќи различна литература како одредени растенија се одгледуваат, кога се садат, дали им е потребно сонце или сенка и тн. Венера вложува околу 100 до 150 евра годишно во својот двор. Таа вели дека тоа е многу помалку од парите што ги трошат пушачите и препорачува луѓето што повеќе да се свртата кон природата. Венера има намера да го доуреди својот двор, да извади жива вода и да направи мали фонтани.
Инаку, оваа акција за прогласување на најубаво уреден двор е традиционална и ја спроведив ЖЦ „Бисера“ по повод 5-ти јуни, светскиот ден на екологијата. Наде Мартиноска, претседателката на „Бисера“ вели дека целта на акцијата е да се подигне еколошката свест кај граѓаните. Таа објаснува дека на објавениот конкурс за најубаво уреден двор се пријавиле повеќе граѓани. Награди покрај Венера добија и Хајради Умур и Ѓуро Пешески. Нив им беа врачени признанија, а од ЈП „Комуналец“ им беше подарена по една зимзелена садница.
Мартиноска кажува дека преставува задоволство кога ќе се посетат убавите дворови и нивните вредни сопственици, но таа има една забелешка на дворовите од стамбените згради. Вели дека со ретки исклучоци најголемиот дел од овие дворови се запуштени и апелира станарите во иднина да поводат сметка за тоа.
{loadposition content9}