Љутков: Нашето културно наследство е тотално загрозено и е доведено до очајна состојба
Состојбата на локалитетот Плаошник е очајна, е заклучокот на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој денеска заедно со директорот на Управата за заштита на културно наследство и директорот на Завод и музеј Охрид беше во посета на наколку локалитети во Охрид. Во изминатите 7 години не се одвојувале никакви финансиски средства, немало никаква грижа, нашето културно наследство е тотално загрозено и е доведено до една очајна состојба оставено на забот на времет, кажа Љутков.
„Токму недоволната грижа може да остави трајни последици на дел од културно историските споменици и археолошките локалитети. Ова е општиот впечаток којшто го имаме овде заедно со стручните лица констатиравме дека токму овде на Плаошник дека мора колку што е можно градежните активности да продолжат од причина што објектите веќе почнуваат да се оштетуваат од разните временски непогоди и тоталната негрижа. Поради досегашната скромна финансиска поддршка неопходно е да се обезбедат средства за изработка на проектна конзерваторско реставраторски работи и партерно уредување на целиот археолошки локалитет. Со тоа ќе се обезбеди континуитет во активностите и целосно согледување на археолошкиот локалитет.“ – кажа министерот.
Смешни суми од околу 100 000 денари биле издвојувани за археолошките истражувања на Плаошник , истана Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство. Таа посочи дека Управата веќе го доставила ребалансот на буџетот со кој се бараат 31 милион денари за да се завршат дел од активностите на Плаошник предвидени во Договорот од 2011 година.
Приориотетни локалитети на кои ќе се инвестира во претстојниот период покрај Плаошник е и Заливот на коските, кажа новиот директор на НУ Завод за заштита на споменици и Музеј Охрид, Горан Патчев. Тој посочи дека сите надлежни од локално и централно ниво сплотени ќе се потрудат да го заштитат богатото културно наследство.
„ Јас веднаш само што стапив на функцијата изготвена е годишна програма за аплицирање на проекти инвестирани од Министерството за култура и аккао што кажа министерот со заеднички напори и нивна помош дека ќе ја оствариме таа програма. Исто така направивме и измена на програмата за јавни набавки каде како итни мерки се донесоа некои набавки за санирање на некои делови и на Плаошник и на Заливот на коските како и други објекти.“ – изјави Патчев.
Министерот заедно со стручните лица и директорите на институциите за заштита на културносто наследство ја посети и Куќата на Момирови за којашто кажа дека е во исклучително лоша состојба со нарушена статика и претставува опасност за минувачите. Во Завод и Музеј веќе е изработен проект за конзерваторско реставраторски работи, ревитализација и адаптација на куќата во музејски простор каде би биле презентирани музејските предмети одкриени при археолошките истражувања на Античкиот театар.
„Меѓутоа поради одредени проблеми проектот не можел да се реализира и затоа денес заедно со в.д директорот Патчев остваривме работен состанок во Општина Охрид со градоначалникот Пецаков со цел да го забрзаме процесот и да ги откочиме проектите а тоа значи носење на 19 детални урбанистички планови.“ – кажа Љутков.
Министерот најави дека ќе формира работна група во најкус рок и ќе иницира здружување помеѓу сите субјекти кои се надлежни за разрешување на проблемите и отпочнување со реализација на голем дел од проектите за заштита на културното наследство.