Локалитетот Мауцкер урбанизиран
Локалитетот Мауцхер на патниот правец Охрид – Струга, урбанизиран и поделен на 14 парцели. Наскоро оваа индустриско развојна зона ќе се нуди за продажба на сите компании кои се заинтересирани за инвестирање на ова атрактивно место. Стопанствениците стравуваат дека нема толку квалификувана сила во градов за запослување, која ќе може да одговори на потребите на оваа индустриска зона.
Се урбанизира индустриско развојната зона Мауцкер. Советот на општина Охрид на последната седница го усвои ДУП за оваа зона која опфаќа околу 18 хектари земјиште. Како што истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, за брзо време, 14 те парцели ќе бидат достапни за сите компании кои сакаат да отворат нови или да ги прошират постоечките индустриски капацитети.
„Нас особено ќе не радува фактот доколку локалните или охридските компании бидат заинтересирани за изградна на свои капацитети на овој простор, истите да аплицираат и истите да ги добијат, по што најверојатно ќе бидеме првата општина во РМакедонија која што успеала да изгради за своето стопанство да изгради индустриска зона каде што локалните компании ќе ги прошират своите капацитети а со тоа ќе го решат проблемот со невработеноста на многи наши сограѓани“.
Урбанизацијата на Мауцкер е почеток на нов на економски развој во Охрид од кој бенефит ќе имаат сите граѓани, вели Климе Шешоски, стопанственик и советник во охридскиот Совет. Тој смета дека со отварањето на оваа индустриска зона ќе се спречи одливот на младите во странство бидејќи се отварта можност за вработување.
„Еден од условите ќе биде запослување на постоечката односно нова работна снага во тој дел, што јас сум скептик не околу изградбата, туку околу запослувањето на младите луѓе нема да имаме доволно квалификувана работна сила која ќе може да одговори на барањата на таа индустриска зона. Во оваа индустриска зона се очекува привлекување на поголем број инвеститори меѓу кои и домашните и локалните бизнис работници бидејќи на сите ни е проблем не донесувањето на урбанистичките планови и нивното одолговлекување, бидејќи не сме во можност да инвестираме и да одговориме на законските правила и норми кој што ги бара Владата“.
Продажбата на парцелите ќе биде јавна и транспарентна како што информираат од Локалната Самоуправа. Додаваат дека во рамките на еден блок, постои можност со архитектонско урбанистички проект да се предвиват и повеќе градби. Тоа било намерно направено за да може инвеститорот подетално урбанистички да си го испланира просторот. Инаку локалитетот Мауцхер некогашното воено стрелиште на Министерството за одбрана минатата година стана целосна сопственост општина Охрид.
{loadposition content9}