Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Локализиран пожарот на Буково

ЈП „Охридски Комуналец“ со брза реакција при гаснењето и санирањето на пожарот на Буково
 |  инфодеск  | 

Од Ј.П.,,Охридски Комуналец” информираат дека пожарот што избувна пред три дена на депонијата Буково е локализиран, а на терен интервенираа екипи на противпожарната единица и со употреба на специјална механизација, цистерна со вода, како и посипување со земја.

-Во изминатите три дена на локацијата е посипана земја во количина од околу 400 м³, со цел целосно гаснење и спречување на повторно разгорување на пожарот, велат од претпријатието.