Skip to main content

Локалната воспоставува комуникација со охридските компании

Локалната воспоставува континуирана комуникација со локалните компании со цел да се запознае со нивните развојни програми и пречките на кои  наидуваат во текот на нивното работење. Градоначалникот Никола Бакрачески денес во посета на компанијата ЛТХ Леарница. Не го криеше задоволството што токму една охридска компанија е меѓу стоте најуспешни во Македонија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sostanok
состанок

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во посета на компанијата ЛТХ Леарница. Тој се запозна со целокупниот процес на работа на оваа компанија во која се произведуваат алуминиумски авто делови. Бакрачески изрази задоволство што оваа компанија е во стоте најуспешни во државава , а се наоѓа на дваесетто место по обемот на извоз.леарница

За нас како Локална самоуправа преставува особена гордост  да се соработува со оваа компанија која покрај тоа што има вработено 430 лица од кои најголем дел се охриѓани има кооперативни врски со  неколку локални компании и преставува значајна алка во системот на локалната економија, рече Бакрачески.learnica

Бакерачески додаде дека целта на ваквите посети е да воспостават континуирана комуникација со локалните компании за нивните развојни програми и пречките на кои тие наидуваат во текот на нивното работење, а на кои тие можат да влијаат во рамките на ингеренциите што ги има Локалната. Сопственикот на ЛТХ Леарница, Роберт Водушек зрази огромно задоволство од посетата и од интересот на општината. Тој рече дека компанијата успешно работи  дека е извозно ориентирана.

Деловите кои ги произведуваме се продаваат во Европа, но и во мексико и во Кина. Мислам дека нема охриѓанец кој кога ќе го отвори својот автомобил и забележи дека дел од неговите делови се од охридско производство не е горд на тоа, рече Водушек.

Сопственикот на ЛТХ Леарница и градоначалникот ветија дека овие средби ќе прераснат во вообичаена пракса, а изразија надеж дека овој позитивен пример на успешна охридска компанија ќе биде поттик и за други странски инвеститори.

{loadposition content9}