Локалната самоуправа одобри средства за триесеттина микро проекти
Во зависност од издржаноста и тежината на проектот, ќе им се одобрат најмногу до 200.000 денари. Од вкупните 14 милиони денари за Локален еконоскмкси развој се предвидени околу 1 милион и 780 илјади денари, а за развој на туризмот 11 милиони и 825 илјади денари. Со оваа финасиска инјекција ќе се подобрува инфраструктурата во неколку месни заедници, ќе се чува културното наследство, фолклорот и традиционалните занаети, 11 приватници од мал обем во туризмот ќе ги подобруваат своите сместувачки капацитети само доколку проектите бидат реалзирани. Ние сме прва општина која на транспарентен начин ги троши парите на граѓаните за поддршка на невладиониот и на малиот бизнис сектор за напредок на општина Охрид, истакна градоначалникот. Градоначалникот Александар Петрески и раководителот на Туристичкиот локален економски развој Гоце Симонсоки ги објавија триесетте добитници кои аплицирале за финансиска поддршка од Локланата самоуправа за своите микро проекти.
Од 35 –те пристигнати проекти до Лер само 5 не ја поминале селекцијата. Од 30 –те проекти кои добија зелено светло, 7 се однесуваат за локален економски развој, 11 невладини организации и 11 стопанственици од мал обем во областа на туризмот. За седум дена добитниците на финасиска помош за микро проектите ќе потпишат договори за имплементација со Локалната самоуправа.
{loadposition content9}