Skip to main content

Локалната бара компетентни и високо мотивирани кандидати за повеќе раководни позиции

Локалната објави Оглас за пројавување на интерес за ангажирање компетентни и високо мотивирани кандидати на повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Општина Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
opstina
општина

Позициите за кои се бара пројавување на интерес се Раководител на Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште, Раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат Раководител на Одделение за инспекциски надзор-инспекторат, Овластен градежен инспектор, Раководител на Одделение за јавни набавки, Командир на територијална противпожарна единица. Огласот се однесува и на позицијата Директор на јавните претпријатија во градов, Директор на основните училишта во градов, Директор на средните училишта како и за позицијата Директор на детска градинка ЈОУДГ Јасна Ристеска.охрид

Сите заинтересирани кандидати кои се пријавуваат за одредена позиција потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, да се подготвени за темелна посветеност и одговорност за работата за која се пријавуваат, да поседуваат способност за тимска работа и да се насочени кон спроведување на политиките на Општина Охрид. Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани согласно со нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности. Ќе бидат ангажирани само најспособните и најсоодветните кандидати за позицијата за која аплицираат, рече Градоначалникот Никола Бакрачески.bakraceski

Пријавените кандидати кои ги исполнуваат законските услови за позицијата за која аплицираат ќе бидат повикани на интервју, дел од нив ќе бидат повикани и на тестирање и нивните податоци и препораки ќе подлежат на проверки. Од кандидатите се бара да имаат соодветно работно искуство и соодветно образование и да ги поддржуваат политиките на Општина Охрид, во областа за која се пријавуваат, да ги исполнуваат законските услови за позицијата за која се пријавуваат, како и да познаваат англискиот јазик.Можност за пријавување имаат сите кандидати кои своето образование го оформиле во Република Македонија или во странство.
Градоначалникот потенцира дека овој оглас претставува Оглас за пројавување интерес, а не Оглас за вработување и истиот не е законска обврска на Општина Охрид, но е со цел да се даде можност на што поголем број способни луѓе да ги покажат своите квалификации. Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оцена за кандидатот. Краен рок за пријавивање е 1-ви Октомври 2014 година.
Бакрачески најави дека наскоро ќе биде објавен и огласот за стипендирање на талентирани ученици и студенти.

-Како што најавивме минатата година ќе ја прошириме бројката на стипендисти со цел да им дадеме шанса на повеќе талентирани деца да го продолжат своето образование, рече Бакрачески.

Бакрачески подвлече дека и со двата огласи се стимулираат граѓаните со сопствен труд и заложба да постигнат поголеми успеси и да се реализираат ако досега не успеале во тоа.

{loadposition content9}