Skip to main content

Локалната ќе продолжи со изградба на кружни текови, но во помал број

Продолжува реализацијата на акционит план, за регулирање на сообраќајот во нашиот град со изградба на кружни текови.

 |  Голабовски Крсте  | 
kruzen tek
кружен тек

Ќе продолжи регулирањето на сообраќајот во нашиот град, преку  кружните текови. Димитар Спасески, секретарот на Општина Охрид, истакна дека од Локалната самоуправа од Охрид работат според акциониот план кој содржи стотина проекти, а регулирањето на сообраќајот на неколку локации со помош на кружните текови останува како опција.

kruzen tek„Ќе работиме на она што е вклучено во програмата. Ние програмата ја изработивме темелно, на минатата седница на Советот таа помина, односно програмата на Секторот за комунален развој, така да согласно таа програма , се она што е вметнато, ќе работиме на негова реализација“, вели Спасески.

Секретарот на општината објаснува дека, во секој случај, значително ќе биде намален бројот на кружни текови кои ќе се градат, за разлика од планираните според програмата од минатата година, кога во план беше изградба на дури седум. Друга карактеристика е изградбата на кружен тек, со кој треба да се регулира сообраќајот на една локација надвор од централното градско подрачје.

kruzen tek„Кружните раскрсници кои треба да се градат апсолутно се во нашиот план, она што го донесовме како програма на совет, мораме да го реализираме. Мислам дека две клучни раскрсници се приоритет и тоа раскрсница во населбата Рача и на улица „Бистрица“.Тука ја разгледуваме законската можност за изградба на овие две раскрсници, тоа вклучува тендерски постапки и обележување на теренот, така да ќе ни биде потребен определен рок, бидејќи не ни се завршени проектите“ потенцира секретарот на Општина Охрид.

Експертите за сообраќај велат дека регулирањето на сообраќајот на овој начин го намалува бројот на конфликтните точки, точно се знае правото на првенство на движење, возачите ја намалуваат брзината и се создава ефикасна сообраќајна контрола. Меѓутоа, додаваат дека за да биде ефикасна во својата намена, кружната крстосница мора да биде соодвето проектирана со примена на сите стандардни параметри, а мора да бидат задоволени и сите стандардни услови кои важат и во националната и меѓународната легислатива во сообраќајот.

{loadposition content9}