Skip to main content

Локална: За СДСМ поимот отчетно работење нема никакво значење

Јасно е дека за СДСМ поимот отчетно работење нема никакво значење, а ниту тие некогаш ќе можат да препознаат реализација на активности, Проекти и Програми во нечие работење, се вели во реакцијата од Општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на ОО на СДСМ.

 |   | 
Opstina Ohrid
Opstina Ohrid

 

Јасно е дека за СДСМ поимот отчетно работење нема никакво значење, а ниту тие некогаш ќе можат да препознаат реализација на активности, Проекти и Програми во нечие работење, се вели во реакцијата од Општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на ОО на СДСМ.

Opstina Ohrid„Очигледно дека филозофско-марксистичката политичка психологија на оваа партија не распознава одговорност во работењето. А и за какова одговорост би можеле да зборуваат во СДСМ, кога најзначајниот проект кој го спроведоа во својот 8 годишен мандат во управување со Охрид, беше реализацијата на финасискиот пустош кој го оставија зад себе, создавајќи финансиски долг во општина Охрид од-  2 МИЛИЈАРДИ И 38 МИЛИОНИ ДЕНАРИ или 33 МИЛИОНИ  и 245 ИЛЈАДИ евра.
Човек треба сериозно да се замисли и не ќе може да се присети на еден единствен капитален проект изграден во 8 годишниот мандат на СДСМ и Петрески во Охрид. За какви проекти на Петрески може да зборува СДСМ, кога од него ниту видовме планиран, изготвен и реализиран проект, ниту некогаш прочитавме или видовме отчет за нешто спроведено.  Можеби СДСМ и нивниот поранешен Градоначалник имале список на убави желби, подготвувани низ охридските кафеани, но никогаш не се потрудиле да создадат финансиски издржани, правно регулирани и изработени проекти кои можат да се имплементираат. Може само да претпоставаме за нивните желби за градење на 8 базени, 8 затворени пазари, 8 автобуски станици, 8 трговски центри и уште по 8 други  имагинарни проекти, по еден за секоја година од нивното 8 годишно пустошење и осиромашување на Охрид. Но за секое дело потребен е труд, чесност , пожртвуваност и професионализам, критериуми кои недостасуваа во 8 годишниот мандат на СДСМ во Охрид.
Општина Охрид е свесна и секојдневно ги чуствува последиците од 8 годишното раскрчмување и финансиско дестабилизирање на Охрид, а последиците од нивното урбанистичко дивеење на бреговата линијата, веќе претставува сериозна забелешка, која била евидентирана и констатирана и од УНЕСКО, како најголема закана по статусот на Охрид. Aктивностите и Проекти во Отчетот на Градоначалникот Бакрачески за 2013 година, се факти кои се потврдени, поткрепени со аргументи и документирани со фотографии. Тоа е основа на транспарентно и одговорно работење и со гордост им го презентираме на граѓаните, затоа што тоа е обврска на секој чесен и одговорен човек и институција.  А чесноста и одговорноста не се значајни адути во работатат на СДСМ во Охрид. Од тие причини  СДСМ ниту можела, ниту може да разбере што е обврска кон граѓаните и одговорност кон функцијата, која тие ја извршуваа два мандати во Охрид, стои во реакцијата од Локалната самоуправа.