Skip to main content

Локална:За 8 год. на власт во Охрид СДСМ не почуствуваа потреба за заштита на блатото

Денешните обвинувања на СДСМ од Охрид за наводна неприципиелност во работењето на локалната самоуправа и Градоначалникот Бакрачески, може да се оквалификува како уште една  безскрупулна лага во континуитет и исфрустрирано барање начин за себе амнестија од финансискиот, урбанистичкиот и економскиот масакр кој го направија во општината и општинските јавни претпријатија во изминатиот периодот на нивно практикување власт во Охрид.-реагираат од Локалната самоуправа.

 |   | 
opstina ohrid
општина охрид

Студенчишко блато„За прв пат после повеќе децениско уништување на Студенчишкото блато, неговото претворање во депонија за градежен шут, што доведе до девастација на карактеристиките на водено живеалиште и прекинувањето на линкот со езерото, локалната самоуправа и Градоначалникот Бакрачески изразија подготвеност за изнаоѓање начин за санација, онаму каде што постои можност, и одредување на границите на заштита  на овој некогашен дел од Охридското езеро. Заедно со стручните служби од општината, еколошките организации, институциите и лицата кои професионално се запознати со состојбата на овој еко-систем, се разговара за можноста за  адаптација и заживување на дел од блатниот систем од некогаш богатото со флора и фауна-Студенчишко блато. После повеќе децениско запоставување и уништување на овој систем, потребни се вистински показатели за состојбата, стручни информации кои содејствуваат со реалноста и конечно да се презентираат сериозни и издржливи модели за функционална заштита и осмисленост на овој простор.
Како тоа во 8 години власт на СДСМ во Охрид,не почуствуваа потреба од заштита на овој дел од Охрид и никогаш не поведоа јавна дебата за организирање на просторот кој го зафаќа остатокот од блатото. Ако овој дел од Студенчишко Блато успеа да одолее на налетот на СДСМ во изминатите 8 години, секое сегашно решение донесено во една транспарентна и јавна дебата, ќе биде поповолно и ќе произлезе најдоброто можно решение.
Премногу несериозно е кога токму СДСМ во Охрид некого обвинува за недоследност, непринципиелност, неетичност, деградација и злоупотреба на урбанизацијата на просторот.“-стои во реакцијата од Локалната самоуправа на денешниот прес на ОО на СДСМ Охрид.