Локалната ќе почне да ги обесштетува опожарените семејства
Локалната ќе почне да ги обесштетува опожарените семејства.
Повеќето семејства чии домови настрадаа во пожари во периодот од 2012 и 2013 година досега не добиле општинска помош. Помал износ во висина од околу 20.000 денари оштета добиле само две настрадани семејства, но таа сума ни одалеку не била доволна за да ги обноват изгорените домови. Локалната самоуправа за да го реши овој проблем побара поддршка од советниците да ја усвојат одлуката за формирање стручна Комисија која ќе врши проценка на штетите. Согласно на таа одлука ќе се исплаќа оштета во висина до 300.000 денари која и претходно била одредена како максимален износ за оштета, укажа секретарот на ЛС, Димитар Спасески.
„ Претходниот совет донел одлука, но до семејствата чии домови беа опожарени никогаш не се трансферирале тие средства. Со цел да ја провериме фактичката состојба ја формиравме Комисијата и направивме проценка и денес од советот бараме зелено светло да се пристапи кон исплата на средствата до утвредната висина“.
Советниците дадоа зелено светло за Извештајот. Но, советникот Дејан Блажески укажа на фактот дека граѓаните чии домови настрадале во пожарите кои минатата зима биле бројни, се пожалиле до Народниот правобранител. Тој, пак побарал од Локалната самоуправа да ги обештети граѓаните. Дејан Блажески советник од ЛДП упати прашање до секретарот.
„ Прашувам која сума Правобранителот Ви наложува да ја платите? И како одлучивте колкав процент на сметката на граѓаните да префрлите?“
Секретарот на општината, Спасески појасна дека одлуката да се исплатуваат средства во висина до 300.000 денари ја донел претходниот совет, но никогаш не се направила проценка од стручни служби за да се утврди сумата која ќе се исплати во рамките на утврдените 300.000 денари. Правобранителот не може да укаже колку средства треба да исплати Локалната самоуправа како обесштетување, но за да им помогнеме на настраданите се формирана Комисија и се направи проценка врз која ќе им се исплатат пари за реконструирање на домовите, истакна Спасески.
{loadposition content9}